УФЦ се враќа во Австралија на 12 февруари 2023 година

Најголемата ММА организација во светот (UFC) се враќа во Перт, Австралија.

УФЦ 284 ќе се одржи на 12 февруари 2023 година во РАЦ Арена. Настанот ќе го одбележи враќањето на промоцијата во Австралија за прв пат по УФЦ 243: Витакер – Адесања, што се одржа во Мелбурн во октомври 2019 година. Овој настан ја означува втора посета на промоцијата во Перт.

Се уште не е познато кои борби ќе ги видиме на борбената карта. Александар Волкановски најверојатно ќе ја брани титулата во перо категорија на главниот меч. Веројатен противник е Јаир Родригез, кој постојано притиска за шампионска борба.

Останува да видиме кои други ММА борци ќе учествуваат. Сигурно ќе го видиме и Таи Туиваса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО