Федор: Хабиб не ми предложил договор со неговата ММА лига

Руската ММА легенда Федор Емелијаненко изјави дека не добил понуди од други ММА организации.

На „Последниот император“ му преостанува само една борба од договорот со Белатор. Се очекува тоа да се случи на почетокот на 2023 година. Федор сака реванш со Рајан Бадер за титулата во тешка категорија. Пред извесно време Хабиб Нурмагомедов изјави дека планира да му понуди договор на Федор за да го привлече во својата лига.

ММА лигата на Хабиб е меѓу новите организации кои рапидно растат. Игл ФЦ го имаше своето деби во САД и ги привлече поранешните борци на УФЦ и Белатор. Сепак, Федор не добил понуда од Хабиб да влезе во неговата лига.

„Немаше понуди од лигата на Хабиб или којабило друга организација. Имам договор со Белатор, немам добиено други понуди. Секако, претстојната борба ќе биде мојата последна борба.

Сакам да се подготвам што е можно подобро и да победам. Потоа, со Божја волја, ќе видиме што ќе се случи“, рече Федор за Метаратингс.

Федор имаше 47 борби во кои забележа 40 победи. Во 6 натпревари рускиот борец беше поразен, а еднаш борбата беше прогласена за неуспешна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО