Најголемиот ММА синџир во светот освојува територија по територија. Дана Вајт откри дека е во сериозни разговори за организација на настан во Африка. Тој не откри точно за кои земји се мисли, но преговорите веќе се во тек.
„Имавме состанок пред некој ден и разговаравме за сè за Африка“, рече Вајт. „Почнуваме да ги разгледуваме градовите и местата. Африка ќе се случи многу наскоро“.
Донесувањето на УФЦ на овој континент е сон за Вајт и нешто што сака да го постигне пред да се повлече од промоцијата.
Марк Ратнер, потпретседателот на федерацијата, пред малку зборуваше на оваа тема и истакна дека главните интереси на сите се насочени кон Јоханесбург, Јужна Африка.
„Верувам дека ќе одиме во Јоханесбург. Сакаме само да ги завршиме преговорите со Френсис Нгану. Ќе биде одлично да го направи тоа“.
Потегот на организаторите е логичен, бидејќи континентот е се позастапен во УФЦ. До неодамна имаше дури тројца шампиони родени во Африка. Тоа се Френсис Нгану, Израел Адесања и Камару Усман, кој минатиот месец ја загуби титулата од Леон Едвардс. Неколку од врвните имиња во различни категории исто така имаат такво потекло.
Камару Усман ја спореди можноста со „Мешаница во џунглата“ меѓу Мухамед Али и Џорџ Форман. Според него, големи се шансите УФЦ настанот во Африка да го надмине по големина мечот меѓу двајцата боксери.