Хамзат Чимаев не се кае што не се бореше со Нејт Дијаз: Среќен сум што тоа не се случи

Изминатиот викенд настанот на УФЦ 279 имаше сосема поинаква програма од онаа што беше најавена неколку дена претходно.

Имено, откако Хамзат Чимаев не го мина мерењето, борбите во главната програма на спектаклот со боречки вештини беа презакажани.

Пресметката меѓу Нејт Дијаз и Хамзат Чимаев требаше да го води шоуто, но добија други противници.

Во главната борба, Дијаз го победи Тони Фергусон со гушење со гилотина во четвртата рунда, додека Чимаев го победи Кевин Холанд со прекин (D’Arce choke) во првата рунда.

Шведско-чеченскиот борец изјави дека Дијаз избегал, но дека е среќен што не се бореле.

„Најверојатно би го убил и би завршил во затвор. Сега мило ми е што тоа не се случи. Видовте како и двајцата веднаш се изморија, нивните удари и борење? Нејт и Тони се стари, а јас сум млад. Не знам за што зборуваат луѓето“, рече Хамзат Чимаев и додаде:

„Дијаз навистина лошо се бореше. Не ги разбирам оние кои велеа дека може да ме победи. Кевин Холанд е тврд човек и многу подобар борец од Дијаз. Веројатно и тој би го убил во меѓусебна борба. Дијаз може да му се заблагодари на Бога што не се бореше со мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО