УФЦ работи на добивање виза на Хасбула за САД

Умар Нурмагомедов рече дека УФЦ работи засилено за да му овозможи на Хасбула Магомедов да слета во САД.

Магомедов е 19-годишник кој боледува од ретка болест. Оваа болест не му дозволува да се развива нормално. Хасбула изгледа како 5-годишно дете, иако е возрасен. Тој стана ѕвезда пред 1 година.

Тогаш чеченски Јутјубер се обиде да ги намести да се борат со уште еден млад човек со истата болест. Пред борбата имаше прес-конференција, која ја гледаа милиони и стана хит во ММА заедницата.

Минатата година Хасбула гостуваше на гала вечерта на УФЦ во Абу Даби и предизвика бура. Сега организацијата го сака повторно, но во САД.

„Мислам дека Хасбула нема да може да лета за мојот меч, но тоа е можно за следните натпревари.

Се што ви треба е американска виза. Колку што знам, тој сега нема виза, но УФЦ работи на тоа да го донесе Хасбик во САД“, изјави за Спорт24 Умар Нурмагомедов.

Пред извесно време познат американски водител на подкаст рече дека ќе даде 10.000 долари на Хасбула за да учествува во неговиот подкаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @hasbulla_

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО