Биспинг: Конор Мек Грегор не е меѓу великаните во перо категорија

Легендата на УФЦ, Мајкл Биспинг, не мисли дека Конор Мек Грегор е меѓу најголемите во перо категорија.

„Озлогласениот“ стана голем во оваа категорија. Ирската ѕвезда забележа 7 победи и не загуби во перо категорија. Успеа да го нокаутира Хозе Алдо за 13 секунди и ја прекина неговата доминација во дивизијата. Конор победи со нокаут 6 од неговите 7 борби во категоријата.

Биспинг, кој е член на Куќата на славните, не верува дека тоа е доволно за да му најде место на Конор меѓу великаните.

„Ако Волкановски може да се справи со Холовеј, тој несомнено ќе стане најголемиот борец во перо категорија што некогаш сме го виделе во УФЦ. Секако, пред тоа беше Хозе Алдо.

Конор Мек Грегор потоа го нокаутира за 13 секунди. Но, тој никогаш не го одбрани појасот, го остави и премина во друга категорија.

Затоа, и покрај тоа што Мек Грегор имаше луд резултат во оваа категорија, тој нема да се најде во листата на великани во перо категорија“, изаји Биспинг за Спорткида.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО