Мечмејкерите на УФЦ планирале да му дадат борба на шампионот во тешка категорија Френсис Нгану (17-3) со поранешниот првак во полутешка Џон Џонс (26-1), како последна борба од договорот.
Борбата требаше да се одржи на 10 декември на УФЦ 282 во Лас Вегас. Камерунецот го известил УФЦ дека нема да има време да се опорави до тој датум, поради што мечмејкерите решиле да му дадат борба на Џонс со Стипе Миочиќ (20-4). Ова го објави новинарот Ариел Хелвани на подкастот на Рингер ММА шоу.
Последната борба на Нгану во УФЦ беше против Сирил Гане (10-1) на 22 јануари на УФЦ 270 во САД. Камерунецот го одбрани шампионскиот појас и затоа договорот автоматски беше продолжен за уште една борба. Сепак, договорот истекува доколку борецот не се натпреварува една година од последната борба.
Очигледно Нгану одлучи да стане слободен агент по крајот на 2022 година. Џонс во декември ќе се бори со Миочиќ на УФЦ 282.