Уапсен првиот човек на Олимпијадата во Рио де Жанеиро

Полиција во Бразил го уапси претседателот на Националниот олимписки комитет, Карлос Артур Нузман, поради обвинение за обид за подмитување членови на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) во изборот на Рио де Жанеиро за домаќин на Олимпијадата во 2016 година.

75-годишниот Нузман, кој исто така е почесен член на ИОЦ, минатиот месец беше испитуван од бразилските и француските власти, кои се сомневаат дека тој префрлил 2 милиона долари на Ламине Дијак, поранешниот претседател на Интернационалната атлетска федерација (ИААФ), кој обезбедил гласови за Рио при гласањето во 2009 година.

Покрај Нузман, уапсен е и генералниот директор на организациониот комитет за Рио 2016, Леонардо Гринер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО