25 каратисти во Салзбург ќе се борат за подобар пласман на ВКФ Ранг листата

 

Македонските карате клубови пријавија 25 каратисти Карате 1 Премиер лигата – Серија А во Салзбург, Австрија, што ќе се одржи овој викенд (7 и 8 октомври), а на која ќе настапат 1416 натпреварувачи.

Петар Спасеновски нема да настапи поради повредата што ја заработи на Кроација опен во Риека изминатиов викенд, додека Мартин Стојменов ќе го има вториот настап во Крате 1 лигата, а Адрит Марку ќе дебитира, додека Шабан Муртиши по подлго време и тој ќе се бори.

Во претходните две кола во Истанбул и Лајпциг највисок пласман имаше Берат Јакупи – 5 место, а Симона Заборска седма. Константни во настапите се Жарко Арсовски и Мартин Несторовски. Вероника имаше блесок во Лајпциг, а Емил Павлов и Наташа Стефановска во Истанбул.

Во Салзбург ќе настапат:

60 кг – 98
Емил Павлов – Штип
Ардит Марку – Уранику
Шабан Муртиши – Дрини

67 кг – 177
Димитар Илиевски – Ботони
Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов
Мартин Стојменов – Олимпик спорт
Константин Василевски – Спорт 94

75 кг – 171
Азиз Исмаил – Металург
Ферат Корбулиќи – Металург
Петар Заборски – Макпетрол
Енес Смаилагиќ – Цветан Димов
 Доан Османи – Фати

-84 кг – 124
Берат Јакупи – Асиарт
Виктор Крстевски – Металург
Сашко Патраклиев – Македонка

+84 кг – 103
Мартин Несторовски – Металург
Жарко Арсовски –Штип

50 кг – 65 натпреварувачи
Сара Радичевска – Макпетрол

55 кг – 97
Симона Заборска – Макпетрол
Јована Георгиева – Олимпик спорт

61 кг – 107
Наташа Стефановска – Макпетрол
Вероника Костовска – Кеикс

68 кг – 67
Моника Стефановска – Макпетрол

Кати – 142 жени -169 мажи
Пуликсенија Јованоска – Ронин
Ферри Исиќ – Вардар

Големиот борј на учесници е поради наметнатите правила од страна на Светската карате федерација (ВКФ) од 1 јануари 2018 година да го ограничи борјот на учесници во категорите, по 64 натпреварувачи во секоја категорија, односно по еден од држава. Изборот ќе се прави од Ранг листата на ВКФ, при што првите 50 имаат предност. За нашите каратисти е битно тоа што Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на каратистите што се меѓу првите 50 на Ранг листата целосно ќе им ги покрива трошоците за натпреварите и подоготовките.

Од друга страна, од идната година почнуваат квалификациите за Олимписките игри во Токио 2020 година, кога каратето за прв пат ќе дебитира на Олимпијадите. Поради овие причини, Премиер лигата до крајот на годината ќе има максимална посетеност и ќе го надминува квалитетот и на светските првенства. Кој ќе избори подобра позиција, ќе има поголеми шанси за Олимпијадата во Јапонија. Во Окинава (25 и 26 ноември) е последниот турнир на Лигата за оваа година.

 Ipon.mk/В.Д.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО