Турки Алалших изрази загриженост за своето здравје

Турки Алалших, кој се смета за највлијателна фигура во професионалниот бокс во последниве години, повика на обединување на водечките промотери и организации во спортот.
Саудискиот инвеститор, кој стои зад голем број мега борби, вклучувајќи ги Сoл Алварез – Теренс Крaфорд, Aлександaр Усик – Тајсон Фјури и Артур Бетербиев – Дмитри Бивол, рече дека сака да ги собере Дана Вајт, Ник Кан, Френк Ворен, Еди Хeрн и неговите партнери од DAZN.
„Ќе се обидам да организирам состанок со нив за да започнам револуција во боксот. Се надевам дека навивачите ќе го видат белиот чад од оџакот. Сакам да го направам ова пред да ја изгубам меморијата. Се плашам дека до 2028 или 2029 година можеби дури и ќе го заборавам своето име“, рече Алалших.
Неговите зборови уште еднаш го привлекоа вниманието кон здравствените проблеми со кои се бори со години. Во 2015 година му беа дијагностицирани неколку форми на рак и оттогаш е на опсежен третман. Во последниве години, имаше и извештаи за тумор на мозокот во близина на неговата хипофиза, кој би можел да влијае на неговата меморија.
Во интервју за ДАЗН во 2024 година, Алалших призна дека неговата здравствена состојба е една од причините зошто се стреми да организира што е можно повеќе големи боксерски настани за релативно кратко време.
Поранешниот светски шампион Рајан Гарсија, исто така, ја изрази својата поддршка за него.
„Турки, жал ми е што слушам низ што поминуваш. Твојата страст за боксот и трудот што го вложи го променија спортот. Ти си борец, шампион и личност која заслужува место во Боксерската куќа на славните“, напиша Американецот.
И покрај неговите лични предизвици, Алалших останува водечка движечка сила зад најголемите боксерски настани во светот и продолжува да работи на организирање на борбите што фановите сакаат да ги видат.



