Тупурковски и Богоевски го посетија кампот за деца и кадети на ФБСМ (ФОТО)

Вториот камп за пионери и кадети на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) со кој се опфатени 40-тина борачи од сите клубови во Македонија го посетија претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и Владимир Богоевски, директор на МОК.

Кампот кој завршува денеска е поддржан од МОК, а претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и тренерите Седат Бафтиу, Виктор Богданов, Суфијан Исмаили, Давор Тасев, Гордан Николов, Лулзим Вренези и Страшо Глигоров ги запознаа гостите со работата и целите на вториот собир на младите борачи за кратко време.

Сите учесници на кампот добија маички од МОК.

Целта на кампот е дружење, спортување, социјаизација и едукација, со техничко-тактичко увежбување на дадени ситуации, пропратен со фитнес тренинзи, како и вежби за подобрување на психомоториката.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON