Цветковски и Павлов не дозволија изненадувања, но некои останаа без медали на Државното првенство (ФОТО)

Ivo i enes finale2016-02-13 14.54.28

Во категоријата до 75 килограми немаше изненадување околу шампионот на Државното првенство за сениори во карате, триумфираше Иво Цветковски од Металург.

Сепак имаше интерсни борби и изненадувања. Така, носителот на бронзениот медал од европското првенство во Кипар за јуниори до 21 година, Азиз Исмаил, остана без медал на Државниот шампионат. Во ова го спречи Тодор Ристески од Спорт 94 кој се избори извонредно и го победи со 3-1 Исмаил.

Ivo, Enes, Petar drzavno2016-02-13 15.52.14

Енес Смаилагиќ се бореше добри и сосема заслужено се палсира во финалето и загуби од искусниот Цветковски со 3-0, но преходно во полуфиналето го победи Азиз Исмаил со 1-0. Очигледен беше заморот кај носителот на бронзениот медал од ЕП во Лимасол во У-21. Во втората борба за бронзениот медал Петар Заборски во дебито кај сениорите го победи Сетфан Апостоловски од Кеикс со 3-1.

Nenad so jovan i enes

Ненад Келебиќ (-67 кг) –Цветан Димов убедливо го доби финалето против Димитар Илевски од Ботони со 7-0. За бронзените медали Ико Ташов и Адил Мехмед од Металург ги совлдаа Ирфан Мисини-Башкими и Алексанадар Јаниќ Олимпик Спорт. Мисини беше дисквалификуван, Мехмед славеше со 5-0.

Emil-Murtisi 2016-02-13 15.49.40

Носителот на бронзениот медал од Европските игри, Емил Павлов (-60 кг), без проблеми дојде до нова титула. Во фианлето салвеше со 4-0 над Шабан Муртиши од Дрини. Мартин Стојменов од Партизан Кочани го совлада Спасе Стојанов од Штип со 6-3 во борбата за брозениот медал, инаку се очекуваше финале меѓу него и Павлов, но во мечот со Муртиши изгуби на судиско изјаснување 3-2.

Вториот бронзен медал му припадна на Горан Николовски од Металург.

2016-02-13 16.06.23

Во кати-жени екипен првак е Ронин, а во поединечна конкуренција прва е Пуликсенија Јовановска, Маријана и Мишела Димоска се на вторто и третото место, како и Искра Каракаш, сите од Ронин.

Ronin na drzavno seniori 2016

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО