Цените за код за он-лајн наддавање за влезниците стигнаа и до 200 долари

Вистинска хистерија владее меѓу љубителите на боречките спортови поради средбата меѓу поранешниот светски шампион во бокс во полусредна категорија Флојд Мејведер и ММА ѕвездата Конор Мек Грегор. Како што се и очекуваше, цениите на билетите за 100-милионскиот судир веќе достигнуваат баснословни суми.

Само цената на т.н. тикетмастер-код кој му дава право на носителот да наддава за билет во онлајн аукција на e-Bay, достигна 200 долари. А поседување на сличен код не значи дека сигурно ќе победи во наддавањето и ќе добие влезница.

Платеното телевизиска емитување се очекува да чини 100 долари, што е исто како пеј-пер-вју преплатата од мегаспектаклот меѓу Мејведер и Мани Пакяо од мај 2015 година. Во Велика Британија е можно износот да достигне и 100 фунти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО