Конор Мек Грегор намигна за реванш на Мејведер, но во ММА

Ирската ѕвезда во ММА, Конор Мек Грегор, проговори за реванш меч против боксерската ѕвезда Флојд Мејведер, еден месец пред мечот на векот по бокс правилата на 26 август во Лас Вегас.

„Со нестрпление го чекам овој датум. Светот ќе биде шокиран. Флојд уште сега е уплашен. Кога ќе се разбуди по нокаутот, најверојатно неговата прва мисла ќе биде за реванш. Ќе му го дадам, но според правилата на мојот спорт – мешаните боречки вештини“, вели Мекгрегор за ЕСПН.

Од Антидопинг агенцијата на САД предупредија дека често ќе ги проверуваат и двајцата пред средбата, а не си поставија граница на бројот на проверките.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО