Тромеч на карате ветераните од Србија, Бугарија и Македонија и ревијален трненинг со ју-легендите Марко и Ѓорге Ницовиќ во Крива Паланка

На средбата на карате ветераните во Крива Паланка, односно манастирот Свети Јоаким Осоговски, ќе бидат одбележани неколку јубилеи, ќе бидат доделени признанија, ќе има и натпревари во кати и ревијален тренинг со легендите на југословенското карате Марко и Ѓорге Ницовиќ.

Регионалната средба на карате ветераните од Србија, Бугарија и Македонија во Крива Паланка е од 6 до 8 декември. Со таа средба ќе се одбележи активноста во карате спортот во овој македонски град, односно постоењето на КК „Крива Паланка 84“.

Главниот настан ќе биде на 7 декември. Со Свечена академија од 13 часот ќе се одбележи 50 години практикување карате спортот во Крива Паланка, односно 40 години постоење на карате клубот „Крива Паланка 84“.

На свеченоста, меѓу другото, ќе бидат доделени признанија на заслужни каратисти и карате работници…

По Свечената академија ќе се одржи ревијален тренинг на македонските карате ветерани, а потоа и тромеч во кати на каратистки и каратисти ветерани од Бугарија, Србија и Македонија (од 16 до 17 часот).

Дружењето на каратистите од регионов ќе продолжи со заедничка вечера во манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Според Чедомир Саздовски, претседател на Унијата на карате ветерани на Македонија, на оваа средба ќе присуствуваат околу 60 до 70 ветерани од земјава, како и карате тимови од Србија и од Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО