Бетербиев ги праша навивачите дали би сакале гледаат реванш меч против Бивол

Непоразениот Артур Бетербиев (21-0, 20 КО) кон средината на октомври со мнозинска одлука го победи Дмитри Бивол (23-1, 12 КО) и стана апсолутен шампион во полутешка категорија.

Навивачите на Бивол и промоторот Еди Херн беа разочарани од исходот, со оглед на тоа што Дмитри беше барем рамноправен противник, и не требаше да загуби во мечот на кариерата.

Веднаш по мечот се зборуваше за реванш, а сега Бетербиев реши да го прекине молкот и ги праша навивачите на Х дали треба да му даде реванш на Бивол.

Херн се уште е доста огорчен за поразот на Дмитри, особено за судиското бодување (115-113, 116-112, 114-114) и вели дека ќе докаже дека е подобриот борец во потенцијалниот реванш.

„Верувам дека во реваншот Дмитри Бивол ќе стане неприкосновен светски шампион во полутешка категорија“, изјави Еди Херн и додаде:

„Цел свет сака повторно да го види дуелот меѓу Бивол и Бетербиев. Многумина се уште се убедени дека Бивол беше подобар на тој меч. Не можете едноставно да ги игнорирате резултатите на судиите… Тоа не треба да се случува, особено не во толку големи борби кои одбележуваат една генерација. Во реваншот тоа мора да се испарви“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО