Тројца Холаѓани добија бонус по 50.000 долари во Ротердам

alistair overeem arlovski borba

Првиот УФЦ настан во Холандија го следеа 10.421 гледачи.

Не е доделен бонус за борба на вечерта, но беа доделени четири награди од по 50.000 американски долари за изведба на вечерта во Ротердам.

Добитници се домашните борци Алистер Оверем, Стефан Струве и Жермен де Рандаме и Исланѓанецот Гунар Нелсон.

Оверем со спектакуларен ножен удар го нокаутираше поранешниот шампион Андреј Арловски. На Струве му беа потребни само 16 секунди за победа над Антонио Силва, додека де Ранадаме со колено во телото во првата рунда го заврши Ан Елмос.

Гунар Нелсон стана првиот борец кој му нанесе пораз со прекин на Алберт Туменов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО