Оверем се заканува дека ќе ја освои титулата во тешка категорија (ВИДЕО)

Overem muskuli

Со победата над Андреј Арловски на главниот настан на УФЦ Фајт најт 87 кикбоксерот ја забележа четвртата последователна побед во октагонот. Нокаутите со кои ги патосираше поранешниот шампион во тешка категорија Жуниор дош Сантош и Арловски, би му биле исклучително корисни за да стигне до мечот за титулата.

 Следната средба за шампионската титула е закажана на УФЦ 198, кога шампионот Фабрицио Вердум ќе се сретне со Стипе Миочиќ, но Оверем чувствува дека се наближува мигот кога ќе го освои појасот.

„Верувам дека го поседувам правото и се што е потребно да ја освојам шампионската титула“.

 Оверем сфаќа колку е важна претстојната шампионска средба за неговата иднина, но тврди дека не сочувствува со ниту еден од борците. Единствено што сака е да победи подобриот, а потоа самиот да го земе појасот.

 „Нека победи подобриот. Порано имав средби со Вердум – многу комплексен и интелигентен борец. Стипе исто така е доста опасен, но сето тоа ќе го покажат на средбата. Јас, лично, себе се гледам за шампион, а шампионите може да го победат секого во секое време, насекаде. Нека победи подобриот – потоа јас сум на ред“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО