Тројца каратисти го завршија настапот на СП, само Симовска забележа победа

Лош старт на каратистите на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ. Само Симона Симовска извојува победа. Настапија тројца репрезентативци, од четири борби има само една победа и еден нерешен резултат, но поради прв освоен поен победата му припадна на победникот.

Жарко Арсовски се бореше 1-1 против Роб Тимерманс. Сепак Тимерманс ги продложи борбите, бидејќи прв освои поен. Берат Јакупи е поразен од Белгиецот Анур Бугрин 0-1.

Симона Симовска ја совлада Софи Абилд од Данска 4-1, но во наредното коло загуби од Сирус Лингл од САД со 0-2.

Никој од противниците на нашите каратисти не се пласира во финале за да ги повелече во репасаж.

На СП ќе настапат 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

мажи
-84 кг Берат Јакупи – Анур Бугрин (Белгија) 0-1
+84 кг Жарко Арсовски – Роб Тимерманс (Куракао) 1-1

жени
+68 кг Симона Симовска – Софи Абилд (Данска) 4-1
+68 кг Симона Симовска – Сирус Лингл (САД) 0-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО