Стерлинг: Ќе го задавам Петар Јан и ќе ја одбранам титулата

Неприкосновениот шампион во петел категорија Алџамејн Стерлинг едвај чека да се справи со Петар Јан, кој е привремен шампион. Малкумина гледаат шампион во лицето на Стерлинг. Причината е начинот на кој ја освои титулата.

Во март, Јан ја заложи својата титула против Стерлинг и доминираше против него и во стој и на партер. За жал, Пјотр му зададе недозволен удар во главата на Стерлинг, кој не сакаше да продолжи. Така Јан беше дисквалификуван и Стерлинг си замина со титулата.

Во интервју со Мајкл Биспинг Стерлинг рече дека не јадел добро и затоа е слаб. Сепак, тоа ќе се промени, а тој се закани дека во март ќе го задави Јан

„Многу луѓе сакаа да знаат кој е број 1 во категоријата. Многу од моите прашања добија одговор во борбата меѓу Петр Јан и Кори Сандхаген. Уверен сум во моето враќање и едвај чекам да ги замолчам хејтерите. Секој ден на мојот профил на социјалните мрежи има стотици коментари со емотикони од кловн.

Знам за што сум способен и ќе ги побијам сите. Многу сум самоуверен пред реваншот и важам за еден од најдобрите. Не јадев добро пред првата борба со Јан и затоа се чувствував слаб во нашата борба. Уверен сум затоа што веќе знам што да правам.

Ќе се вратам во февруари или март за битка со Петр Јан. Уверен сум затоа што тој е човек и може да крвари. Можам да го задавам и токму тоа ќе го направам. Не можам да чекам. Ќе ја бранам титулата. Јас сум кошмар и едвај чекам“, рече Стерлинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО