АктуелноДруги вештиниТаеквондо
Тројца теквондисти ќе ги бранат боите на Македонија на Европските младински Олимписки игри

Тројца теквондисти ќе ги бранат боите на Македонија на Европските младински Олимписки игри што ќе се одржат во Скопје.
За Македнија ќе настапат:
Андреј Василевски -55 кг (Бутел), Христијан Симоновски -63 кг (Младост) и Душица Бреслиева -55 кг (Штип).
Во изминатиот период тројцата репрезентативци поминаа два подготовителни кампови во Крушево и во Охрид. Сите тројца се носители на значајни медали во олимписко таеквондо.
Нивниот настап е на 24 јули во салата на Факултетот за физичка култура во Скопје со почеток во 9 часот.
Главен тренер ќе биде првиот човек на МТФ д-р Борче Костовски и Стефан Миленковски тренер на ТК Младост.
Од МТФ велат: „Одиме на историски медал за Македонија“!



