АктуелноДомашна сценаКарате

Македонското знаме гордо се вееше на Националното карате првенство на САД 2025!

Од 9 до 13 јули во Форт Ворт, Тексас, се одржа престижното УСА Национално карате првенство & УС јуниор тим триалс, организирано од Националната карате федерација на САД (УСА Карате). Овој врвен настан ги собра најдобрите каратисти од 50-те држави, каде се избираше новиот национален тим на САД за 2025 година.

„Нашиот клуб, Милошевски маршал артс (ММА), со огромна гордост за прв пат учествуваше со двајца натпреварувачи, кои ја претставуваа нашата школа и заедница со страст и храброст“, истакнуваат од клубот.

Резултати од натпреварувањето:

Златен медал за ката тимот – Бони (ММА),  Лана и Александар (соработка со српскиот клуб Ипон)

5-то место во ката поединечно– за Сиена од ММА

„Иако сенсеи Дејан Милошевски не можеше да присуствува поради оправдани причини, нашиот тим имаше неверојатна поддршка од сенсеи Урош Каличанин од српскиот клуб Ипон. Неговата посветеност и водство беа клучни за успехот на нашите натпреварувачи. Голема благодарност до него за другарската поддршка“, истакнуваат од ММА.

„Овој успех е силен доказ за трудот, посветеноста и талентот на нашите млади спортисти. Особено сум горд што Бони и Сиена за првпат ја претставија нашата школа и заедница на едно од најголемите натпреварувања. Ова е само почеток – нивното време допрва доаѓа! Заедно ќе го чекориме патот кон уште поголеми успеси, со иста страст, дисциплина и тимски дух.

Гордо ќе го вееме знамето на нашата татковина каде и да настапуваме“, вели Дејан Милошевски.

Тој изразува голема благодарност до УСА Карате за беспрекорната организација, до сите родители за поддршката и до нашата црква Св. Кирил и Методиј во Чикаго, и до целата македонска заедница што ги мотивира постојано да се стремат кон повисоки цели.

„Продолжуваме понатаму – со нова енергија, нови цели и нови победи“, потенцира Милошевски!

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON