Тројца каратистите излегоа на татамито на Светското првенство – забележаа 2 победи и 3 порази

Билансот по настапот на тројца наши каратисти во борби Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, е 2 победи и 3 порази. По една победа забележаа Ангела Мојсовска и Петар Спасеновски, но имаа по еден пораз во второто коло, како и загубена борба на Берат Јакупи.

На СП учествуваат 988 каратисти со 1130 натпреварувачки влезови од 112 држави.

Во утринскиот дел настапи Давид Спасовски во кати кој имаше седми резултат во групата.

На последното СП во Дубаи Емил Павлов освои сребрен медал, што е најголем успех на македонското карате. Од светските првенства имаме и бронза која ја освои Жарко Арсовски на СП 2010 година во Белград.

Резултати на СП:

-50 кг Михаела Мишовска – Нисва Ахмед (Франција)
-55 кг Јована Греоргиева – Сиригамоланте Чокпрасертагул (Тајланд)
-61 кг Вероника Костовска – Исидора Фернандез (Бразил)

-68 кг
Ангела Мојсовска – Дортија Пап (Унгарија) 3-1
Ангела Мојсовска – Ќијаокијао Ли (Кина) 3-4

Женската кумите екипа ја сочинуваат: Георгиева, Јовановска, Костовска, Мојсовска.

Македонија – Јужноафриканска Република

-60 кг Матеј Белистојаноски – Ли Веи Хсу (Тајван)
-67 кг Емил Павлов – Винисус Фигуеира (Бразил)
-75 кг Мурсел Мисини – Фарид Агаев (Азербејџан)

-84 кг
Петар Спасеновски – Диего Переира Трентини (Бразил) 3-2
Петар Спасеновски – Мохамад Алјафари (Јордан) 1-8

+84 кг
Берат Јакупи – Сајад Гањзадех (Иран) 1-2

Машкиот кумите тим: Хаџи Кимов, Павлов, Месини, Петар Заборски, Спасеновски, Јакупи и Стефан Стојановиќ.

Македонија – Грузија

Кати
Давид Спасовски 36, 3 поени седмо место во 5-та група

Кати тимот мажи е во втора група со 7 репрезентации: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски, Александар Спасовски и Андреј Стојановски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО