Три од три за кикбоксерите на Максам во швајцарскиот Винтертур

Тројца натпреварувачи на Максам од Прилеп на 8 јуни настапија на Меѓународниот турнир во кик бокс во К1 и во тај бокс во Винтертур, Швајцарија, и сите извојуваа победи.

Во македонско-швајцарската пресметка во сите три борби славеа прилепските кикбоксери на поени. Марио Пеливаноски против Ваид Ибрахими (-57 кг) во К1, Дино Пеливаноски над Стефан Радојевиќ (-54 кг) и Далибор Кафеџиоски (-65 кг) против Џулијан Пастори  во тај бокс.

Натпреварот се одржа во организација на ICF “International Charity Fights” со учествувао на натпреварувцачи од повеќе држави, како: Швајцарија, Германија, Албанија, Србија, Македонија, Косово, со свои претставници во машка и во женска конкуренција.

„Нашите натпреварувачи имаа одличен настап и покрај долгото патување беа кондиционо и технички подготвени. На крајот на турнирот имаше професионални борби за титули, имаше одлични борци и борби. Едно големо искуство за нас, стекнавме нови пријатели нови контакти. Продолжуваме со работа и тренинзи, не очекуваат нови натпревари на државно и меѓународно ниво“, изјави Пеце Ангелески – Максам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО