Три медала за борачките на 7 Мај Леов на „Купот на Сараево“ (ФОТО)

Борачките на 7 Мај Леов во добро издание на Меѓународниот турнир во женско борење,„ Куп на Сараево“ во Босна и Херцеговина, освоија три медали – 1 златен,  1 сребрен и 1 бронзен.

Со златен медал се закити Барбара Стојкоска (-58 кг) 1 место златен медал,
Кристина Велеска (-46 кг) со сребрен, а Симона Темелкоска (-54 кг) со бронзен.

„Кристина е оштетена во финалето при водство од 9-2. Судијата направи превид и судеше туш за противничката, по што не сакаше да си ја исправи грешката“, истакнуваат од  7 Мај Леов и додаваат дека оваа е голем успех за младите борачки.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON