Тројца се бореа, Хамза Јашари освои бронзен медал на Балканското првенство во Турција (ФОТО)

Тројца македонски џудисти се бореа за бронзени медали на Балканското џудо првенство за јуниори во Текердаг – Турција, а само Хамаза Јашари ја освои бронзата, додека Еди Шерифовски и Арбреша Реџепи може да жалат што не успеа во борбата за медал и го зазедоа 5-тото место.

Ова е голем успех на македонското џудо, бидејќи резултатите се направени во многу силна конкуртенција.

„Сите џудитси што се бореа на БП го дадоа својот максимум. Џудистите кои учествуваа прв пат на голем натпревар и се помало искуство имаа можност да се борат со врсниците од Балканот, а со тоа да го подобрат искутсвото. Тоа се млади кадети од кои резултати се очекуваат наредната година. Спортистите кои се бореа за бронзен медал го пружија максимумот. Хамза го освои бронзениот, а Шерифовски и Реџепи покажаа одлично џудо. Честитки до сите репрезенттаивци што ги бранеа боите на Македонија, посебно до освојувачот на бронзениот медал, Хамза Јашари“, изјави за Ipon.mk селекторот на кадетската репрезентација на Македонија, Горан Мицкоски, кој вели дека репрезентативците се претставиле во одлично светло и ќе се подготвуваат за идните меѓународни натпревари.

Резултати

Давор Велковски (-53 кг) е поразен од Ѓорѓе Радовиќ (Србија)
Резарт Хусени (- 55 кг) е поразен од Стефанос Попоунидис (Грција)
Јорданчо Ѓоргиоски (-60 кг) е поразен од Јања Нурковиќ(Црна Гора)

Хамза Јашари (-66 кг) го победи Анастиос Милонелис (Грција)
Хамза Јашари (-66 кг) го победи Драгош Парашив (Романија)
Хамза Јашари (-66 кг) е поразен од Умалт Демирел (Турција) – полуфинале
Хамза Јашари (-66 кг) го победи Георги Граматиков (Бугарија) – за бронзен медал

Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Луиѓ Ватај (Албанија)
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Виктор Вуковиќ (Црна Гора)
Еди Шерифовски (-73 кг) е поразен од Разван Бурдусел (Романија – полуфинале
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Симон Гкраклов (Грција) – репасаж
Еди Шерифовски (-73 кг) го победи Един Хусеинбеговиќ (БиХ) – репасаж
Еди Шерифовски (-73 кг) е поразен Ахмет Бурак Чухадарт (Турција) – за бронза

Теодора Димеска (-44 кг) е поразена од Ерза Мумуновиќ (Косово)
Теодора Димеска (-44 кг) е поразена од Ана Марија Сирбу (Романија) – репасаж

Арбреша Реџепи (-48 кг) ја победи Кодрута Флорентина Лунгу (Романија)
Арбреша Реџепи (-48 кг) е поразена од Зелиха Џинџи (Турција)
Арбреша Реџепи (-48 кг) ја победи Мила Петровиќ (БиХ) – репасаж
Арбреша Реџепи (-48 кг) е поразена од Бејза Оздемир (Турција) – за бронза

Анамарија Трајческа (-52 кг) е поразена од Аџела Поповиќ (Црна Гора)

Наталија Динова (-52 кг) прво коло слободна
Наталија Динова (-52 кг) е поразена од Кристина Стамули (Грција)
Наталија Динова (-52 кг) е поразена од Габриела Русева (Бугарија) – репасаж

Марија Томеска (-57 кг) ја победи Марија Добраниќ (БиХ)
Марија Томеска (-57 кг) е поразена од Анџела Поповиќ (Србија)
Марија Томеска (-57 кг) е поразена од Теодора Прелевиќ (Црна Гора)

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО