Металург ќе се бори за злато и бронза на Европското првенство за региони

Сениорскиот тим на Металург ќе се бори за златниот, а кадетско-јуниорскиот за бронзениот медал на Европското првенство за региони што се одржува во Приштина – Косово. Борбите за медалите на програмата се утре.  

Сениорскио тим во состав Петар Спасеновски, Азиз Исмаил, Виктор Крстевски, Мартин Несторовски, Давид Петков, Семир и Емир Ќосовиќ најпрво ја совлада екипата на Коосво – Б 6-3, па Црна Гора 1 со 2-1. За златниот медал ќе ги одмерат силите со Акендиз регионот од Турција кој во полуфиналето ја совлада екипата на Косово А со 3-0.

Кадетско-јуниорската екипа ја совлада екипата на Косово А со 3-2, Анадолу регионот од Турција со истиот резултат, а за влез во финалето беше поразена 3-2 од Мармара регионот од Турција,, при што Усаме Бајрами ја забележа решевачката победа. За бронзениот медал ќе се бори со екипата на Босна и Херцеговина.

За кедетско-јуниосркиот тим настапуваа кадетите Давид Саревки, Иво Мишачковски и Един Омерагиќ и јуниорите Филип Несторовски, Роберто Ацковски, Глигор Петков, Усамед Бајрами. Кадетско-јуниорската екипа настапува по системот 3+2, односно 3 јуниори + 2 кадети.

Сениоркиот тим на макпетрол во сениорска конкуренција е поразен со 2-1 од Еге регионот од Турција кој во полуфиналето беше поразен од Црна Гора 1 2-1, така што не и овозможи репасаж на нашата екипа. Кадетско-јнуиорската екипа на Кеикс не се натпреваруваше поради повреда на една од каратистките.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО