Сребро и две бронзи за каратистите на Светското шотокан првенство (ФОТО)

Македонските каратисти од Шотокан академија – Македонија освоија сребрен и два бронзени медали на Светското првенство на Светската штококан федерација (ВСФ) во Варна, Бугарија.

Машкиот кадетски тим го освои сребрениот, а Андреј Анастасов (8-9 год.) и Матео Причков (кадети) бронзените медали за Македонија на СП во Варна.

Утре се очекува настапот на Нина Ѓорѓевиќ и Николина Милорадовска во кати поединечно и сениорскиот ката тим (Николина М, Ања Ангеловска и Јована Стојковска.

„Би биле среќни да освоиме барем уште два медала“, кратко прокоментира претседателот и селекторот на Акедемијата за ВСФ, Живко Тасевски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО