Почнаа подготовките на таеквондо репрезентацијата за Светското првенство

Македонските репрезентативци во таеквондо во сите возрасни категории денеска имаа собир, односно заедничи тренинг во Скопје како подготовка и процес за селектирање за меѓународните настапи кои следат.

Секако, најголем настан годинава е Светското првенство во Јужна Кореа на крајот на јуни, нешто порано во истиот месец Г-1 турнирот во јуни во Австрија, а во септември е Балканското првенство.

Ваквите собири ќе се практикуваат до средина на јуни.

„Како и лани, со заеднички тренинзи ќе бираме кој ќе биде во тимовите за споменатите турнири. Она што го направи Дејан Георгиевски на Европското првенство во У-21 во Бугарија ни дава мотив да работиме повеќе и да очекуваме од овие млади натпреварувачи да донесат медал и од СП“, велат од Македонската таеквондо федерација.

Собирот е помогнат од Македонскиот олимписки комитет (МОК), а во некоја наредна сабота ќе се организира викенд-камп и со Агенцијата за млади и спорт. Со МОК се предвидени уште активности на ова поле до Олимпијадата во Токио 2020 година.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО