Тревис Браун: Нека му ја мисли следната противничка на Ронда

Ronda rusej

Се очекува Ронда Русеј враќањето во октагонот да го направи наскоро, откако поранешната шампионка претрпе шокантен нокаут од Холи Холм кон крајот на минатата година.

Од тој момент до денес, Русеј се одмора, размислува кога е најпогоден момент повторно да се врати во акција.

Пријателот на Ронда и борец од тешка категорија на УФЦ, Тревис Барун, истакна дека кој и да е противникот на Русеј, кога таа ќе се врати во кафезот, тоа воопшто добро нема да биде добро за нејзината противничка.

„Разговарав со Тревис Браун. Ронда Русеј се чувствува одлично, и физички и ментално. Таа има лошо претчувство за оној кој ќе се сретне со неа по враќањето“, напиша на Твитер новинарот на ЕСПН, Брет Окамото.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, објави дека Ронда веднаш ќе добие шанса да се бори за титулата, штом таа ќе одлучи да се врати во акција. Во моментов шампион на УФЦ во бантам категорија е Аманда Нуњес.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО