Третиот меч Фјури – Вајлдер на 19 декември во Лас Вегас

Тајсон Фјури најверојатно ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ против Дионтеј Вајлдер во Лас Вегас. Иако датумот на борбата сè уште не е официјално потврден, промоторот Боб Арум, во изјава за ЕСПН, изрази оптимизам дека третиот меч меѓу нив ќе се одржи на 19 декември на новиот стадион „Алегијант“ во Лас Вегас.

„Се обидуваме да направиме сè за тоа да се случи. Разговаравме со градските власти и оптимисти сме во врска со Лас Вегас”, рече Арум.

Арум исто така потврди дека оваа борба може да се одржи со присуство на гледачи. За жал, целиот капацитет нема да биде дозволен (72.000), но ќе има од 10 до 15 илјади луѓе. Да потсетиме, Фјури го декласираше Вајлдер во февруари оваа година и му го зеде појасот, а првиот меч од декември 2018 година заврши нерешено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО