Курт Енгл: Леснар ми кажа дека сака да се бори со Џон Џонс

Освојувачот на олимписки златен медал и поранешен борач/ кечер на ВВЕ, Курт Енгл, тврди дека Брок Леснар сака да се бори со Џон Џонс.

Пред неколку дена дознавме дека Леснар не се согласува со ВВЕ и сега е слободен агент. Брок може да преговара со ММА организациите кои почнаа да му се додворуваат.

Дана Вајт е подготвена да организира борба меѓу Леснар и Џонс, а Скот Кокер од Белатор нуди борба меѓу Леснар и Федор Емелијаненко. Енгл гостуваше во Д’Врестлинг инц. дејли подкаст и рече дека доколку Леснар се врати во ММА, тогаш тоа ќе биде битка со Џонс.

„Неколку пати Брок Леснар ми кажа каква борба сака да направи во ММА. Мислам дека оваа средба е единствената што може да го внесе во кафезот. Мислам дека го сака само Џон Џонс. Не знам дали сака повторно да се бори. Не знам дали ќе оди во друга компанија. Не го гледам во друга организација освен ако АЕВ/ AEW не му понуди 10-20 милиони долари. Никогаш не се знае.

Неодамна, обложувалниците ги објавија коефивиентите за борбите со Леснар. Го идентификуваа како фаворит против Емелијаненко и голем аутсајдер против Џонс“, рече Енгл за иднината на Леснар.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО