Дана Вајт: Тоа што го прави Чимаев е фасцинантно

Дана Вајт не обрнува внимание на критичарите кои не се согласуваат со фактот дека таа организирала две борби за Хамзат Чимаев. Непоразениот Чеченец успеа да импресионира со две победи за десет дена во две различни категории. 26-годишниот борец влезе во историјата на организацијата и на овие два меча успеа да постигне дури 200 удари, а дозволи само два.

Претседателот на УФЦ брзо стана негов обожавател и на 19 септември организираше борба со Џералд Мершарт. За октомври, Вајт подготви борба за него со Демијан Маја во полусредна категорија. Во изјава за медиумите Мершарт се закани дека ќе го запре Чимаев, но тоа не е проблем за Дана. Во интервју за MMAFighting, Вајт рече дека нема да организира две броби за никој друг, освен за Чимаев.

„Момчето само сака да се бори. Чимаев ги сака сите овие битки. Сака да се бори често и ова не е покажување непочитување на неговиот противник. Хамзат ќе победи или изгуби. Ова не влијае на нас. Сè зависи од борците. Кога еден борец сака да се бори, тогаш ние ќе му до дадеме што го сака.

Не би организирал две последователни борби за друг борец. Според она што го видов од Чимаев, подготвен сум да направам такви работи со него. Фасцинантно, не сме виделе некој да ги прави работите што ги прави тој во моментов. Мислам дека не е непочитување што организиравме две битки за него. Така се прават работите“, изјави Вајт.

https://www.instagram.com/p/CE7w9aqF0I6/

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО