Тренерот на Вајлдер: Кличко ќе го победи Џошуа

Тренерот на светскиот шампион на ВБЦ во супертешка категорија, Дионтеј Вајлдер, изјави дека се обложува на Владимир Кличко во борбата против Ентони Џошуа, кој ќе се одржи на 29 април на стадионот „Вембли“ во англиската престолнина.

Марк Бреланд не е само тренер на еден од најдобрите боксери во моментов во категоријата, но и човек со сјајна кариера, кој може да се пофали со доста значајни достигнувања во боксот. Тој е олимписки и светски шампион за аматери, петкратен победник на турнирот „Златна ракавица“ и носител на титулата на ВБА во полусредна категорија.

Бреланд призна дека во претстојната борба се обложува на Украинецот.

„Јас сум за Кличко. Тој е поискусниот од двајцата, плус тоа, никогаш не сум видел како Џошуа поднесува сериозни удари. Со Кличко работите се поинакви, неговата брадичка не е од најдобрите. Сепак, поседува неверојатен директен удар, знае како да се чува и да ги користи своите оружја. Мислам дека Украинецот е многу поитар од Џошуа. Да, тој се бореше последен пред многу време, но е свесен што значи претстојниот меч. Џошуа е многу силен. Ако Емануел Стјуарт беше во аголот на Владимир, тогаш историјата ќе беше поинаква. Тогаш Кличко ќе го натераше Џошуа да се бори по неговите правила“, изјави Бреланд.

Дуелот Владимир Кличко – Ентони Џошуа ќе се одржи пред 90.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон, со што ќе биде поставен рекорд по посетеност во повоената историја на боксот во Велика Британија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО