Репрезентативецот Зубаиров прв на Мелар купот, а Егоров втор (ФОТО)

На „Мелар куп 2017“ во Шведска македонскиот репрезентативец Халил Зубаиров (97 кг) го освои првото место со победата во финалето против Фархад Аносхех од БК Атлас. Владимир Егоров (61 кг)кој има македонски пасош и неодамна беше прв на Изборното првенство во У-23, го освои второто место, бидејќи во финалето е поразен од италијанскиот репрезентативец Џиви Давидови.

Тие настапија за Ботирка врестлинг академијата која ја води нашиот тренер Љубиша Пешко. Нивниот клуб во сениорска конкуренција во вкупниот пласман е прв, додека во генералниот пласман на сите конкуренции е петти.

На турнирот кој се одржа викендов настапија 244 натпреварувачи во слободен стил.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО