Тренерот на Руиз: Џошуа ме изненади. Долго време не сум видел тешкаш да се движи како него

Ентони Џошуа добива многу критики за сметка на тактиката што ја избра во реваншот со Енди Руиз.

Откако во првата борба во јуни загуби со технички нокаут во седмата рунда, завршувајќи четири пати на подот, 30-годишниот Британец во Саудиска Арабија го совлада Руиз со убедлива едногласна одлука на судиите и ги врати титулите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО. АЏ ги искористи висината и растегот на рацете и избегна да премине во отворени размена на удари со мексиканскиот „Уништувач“.

На таквата одлука многумина му забележаа, но не и тренерот на Руиз, Мани Роблес, кој беше импресиониран од неговиот настап. Со скоро 129 килограми, Руиз беше со прекумерна тежина и не можеше да го потфати Џошуа кога упатуваше уадри.

Џошуа користеше слична тактика и кога се бореше со Џозеф Паркер кој е познат по многу цврстата брада и кој пред него единствено го победи Руиз.

„Се бореше одлично. Ме изненади. Долго време не сум видел тешкаш да се движи како него. Знаете, вешто. Да ​​удари и веднаш да се тргне со таква работа на нозете. Едноставно, тешкашите баш не се движат како што се движеше тој. Многу е ретко да се најде тешкаш кој се движи така. Немам ништо друго освен почит спрема Ентони Џошуа и неговиот тим, затоа што го направија она што мораа да го сторат. Водеа сјајна борба “, рече Мани Роблес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON