Александар Поветкин (34-1, 24 КО) на 22 септември против Ентони Џошуа (21-0, 20 КО) седми пат ќе боксира за светската титула во тешка категорија.
38-годишниот Русин 2011 година против Руслан Чагаев го освои „регуларниот“ ВБА појас и титулата ја бранеше четири пати пред доживее единствениот пораз во кариерата од Владимир Кличко.
Олимпискиот победник од 2004 година ја заврши првата фаза од подготовките за борбата на стадионот Вембли со Олимпискиот победник од 2012 година и тековен шампион на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
„Го завршивме првиот дел од подготовките за борба со Џошуа. Тренинзите беа добри и сме задоволни од завршената работа. Поставените цели се остварени, а Александар е вистински професионалец. Го сфаќа значењето на претстојната борба и затоа работеше многу одговорно“, рече тренерот на Поветкин Иван Кирпа.
Во вториот дел од подготовките ќе ги одработи во Москва, а таму како спаринг партнер ќе се приклучи и Петар Милас.
Ова ќе биде првата борба за титулата светски шампион по поразот од Владимир Кличко во 2013 година.
Русинот последен пат се бореше во март во Кардиф во воведниот дел на настанот, Џошуа – Паркер-каде што во 5 рунда го нокаутира Дејвид Прајс.
https://youtu.be/uj9T6_FC3pA
.