Тренерот на Кори Сандхаген навестува изненадувачки план против Мераб Двалишвили на УФЦ 320

На 5 октомври во Лас Вегас ќе се одржи УФЦ 320, каде што шампионот во бантам категорија Мераб Двалишвили ќе ја брани титулата против Кори Сандхаген. Грузиецот е во серија од 13 победи, откако ја направи втората успешна одбрана на УФЦ 316 кога го победи Шон О’Мели. „Машината“ е познат по својот убиствен кардио и немилосрдниот стил на борба со кој ги уништува своите противници.
Сепак, Сандхаген не ги прифаќа тврдењата дека ќе биде надминат во граплинг, а неговата доверба ја дели и тренерот Тревор Витман. Во една епизода од УФЦ 320 Одбројување, тренерот откри дека планот на тимот може да вклучува борба во граплинг против Двалишвили.
„Не мислам дека многу борци го прават тоа против Мераб. Тие обично влегуваат мислејќи: „Немој да бидеш нокаутиран“. И кога тоа ќе се случи, тие веќе се на план Б. Не сакам Кори да размислува така. Можеме ли да го свртиме? Можеме ли да го собориме“?, рече Витман.
„Тоа е начинот на размислување што ви е потребен за да бидете шампион“, додаде тој.
Значи, наместо да бега од најсилната страна на шампионот, Сандхаген може да ги изненади сите обидувајќи се да го предизвика со борење – стратегија што ретко се користи против непоколебливиот стил на Мераб Двалишвили.



