Канело мора да го оперира лактот, закрепнувањето ќе трае од четири до шест недели

На Канело Алварез му е потребна операција на лактот и ќе биде надвор од рингот барем до следната година.
Мексиканската икона, и покрај неодамнешниот пораз од Теренс Крафорд во кој не ја одбрани титулата во супер средна категорија, останува еден од најпопуларните и најпочитуваните боксери.
Неговото враќање на рингот е планирано за февруари 2026 година, но сега тој настап е под знак прашалник.
Којзнае колку време ќе му треба на 35-годишниот борец од Гвадалахара за да се опорави и да биде подготвен да се врати во тренинг кампот.
Канело има уште две борби според договорот со Сезоната во Ријад, и многу е веројатно дека тие ќе бидат планирани за мај и септември.
„На Канело му беше препорачана операција на лактот по медицински преглед. По темелна евалуација и медицинска консултација со ортопедски хирург, беше одлучено да се подложи на артроскопија на левиот лакт“, соопшти тимот на Алварез, додавајќи дека неговото враќање на лесни тренинзи ќе трае од четири до шест недели.
Канело претходно ги оперираше на коленото и зглобот, и ниту една од повредите не беше доволно сериозна за да го отстррани подолго време надвор од рингот.
Пауза од четири до шест недели сигурно не е добра, но дефинитивно е подобра од шест месеци или цела година надвор од спортот.



