Еден од тренерите на Владимир Кличко – Џејмс Али Башир се закани дека „сите ќе останат шокирани“ по дуелот на Украинецот со Ентони Џошуа на 29 април.
Украинецот за прв пат ќе се качи во рингот по губењето светските титули против сонародникот на Џошуа, Тајсон Фјури. Кличко е силно мотивиран повторно да биде светски шампион, но неговата задача не е воопшто лесна против една од најголемите млади ѕвезди на боксот во овој момент.
И додека многумина очекуваат младоста на Џошуа да биде одлучувачка против 40-годишниот Кличко, Башир очекува Украинецот да се врати на светскиот трон.
„Владимир ќе биде многу добро подготвен за овој меч. Секогаш достигнува до сто проценти, кога се подготвува за средба. Џошуа е огромен, млад и силен, кој е опремен со моќен удар. Тоа несомнено е многу сериозен меч, но не заборавајте дека и Владимир е многу силен и подготвен со ударите. Очекувам еден од двајцата да биде нокаутиран“.
И ако судиме според зборовите на Али Башир, овој „некој“ ќе биде Британецот.
„Владимир Кличко ќе ги шокира сите. Очекувам одличен натпревар. Не мислам дека тој ќе трае долго, но дефинитивно дуелот ќе биде многу експлозивен. Нема шанси натпреварот да трае 12 рунди“.
„Се уште никој не знае колку точно е здрава муцаката на Џошуа. Некои велат дека Владимир има слаба муцка, но тоа не е така. Сем Петер го урна три пати на подот, но Владимир секогаш се соочуваше со тоа и продолжуваше. А потоа и победи на мечот. Питер е еден од луѓето со најсилен удар во категоријата во последните 15-20 години“, потсети Али Башир.