Фергусон: Хабиб се откажува во текот на борбата, му се гледа на лицето (ВИДЕО)

Habib faca

Тони Фергусон верува дека Хабиб Нурмагомедов може психички да го скрши и да го натера да се откаже. Затоа тоа ќе се обиде да го направи на 4 март, кога на УФЦ 209 во Лас Вегас ќе се бори со Дагестанецот за привремената титула во лесна категорија.

„Видов на снимките како се откажува. Го гледам тоа во неговото лице, истото откажување го видов и во неговиот самбо меч. Кога се бореше со Тибо. Кога се бореше со Тибо, го загуби тој меч. Видов во неговото лице дека се откажа и знам како повторно да го натерам да се откаже. Кога јас се борев со Тибо го победив во првата рунда. Секогаш не сакам да правам споредби, но во моите очи лесно е да се победи Хабиб“, изјави Фергусон за Хелен Ји спорт.

Ако „Ел Цуцуи“ е во право, откажувањето очигледно нема никакво влијание врз Нурмагомедов, имајќи во предвид дека ги доби сите негови борби во ММА (24-0). Инаку, на 01:54 во видеото можете да видите како Фергусон повлекува дим од фантомско цигаре.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО