Тренерот на Владимир Кличко – Џонатан Бенкс, го предупредупреди Тајсон Фјури дека се наоѓа во неволја.
„Тој премногу зборуваше. Навистина мислам дека се обидува да му влезе под кожа, но дали тоа е добро за него? Не сум многу сигурен. Дали ќе биде лошо за него за време на мечот? Да, ќе биде. Мислам дека си направи проблеми“.
Самиот Владимир Кличко на неколку пати ги иронизираше зборовите на Тајсон Фјури и го предупреди да погледне во минатото. Украинецот основен пример го посочи однесувањето на Дејвид Хеј, кој исто така се занимаваше со светскиот шампион пред да биде убедливо поразен.
https://youtu.be/agpm2Rnc7zU