Тренерот на Халил Раунтри очекува нокаут во борбата со Алекс Переира

Џон Вуд, кој е главен тренер на врвниот американски УФЦ борец Халил Раунтри, зборува за претстојната борба на неговиот штитеник со актуелниот шампион на УФЦ до 93 килограми, Бразилецот Алекс Переира. Нивната борба е насловна на УФЦ 307, која ќе се одржи на 5 октомври во Јута, САД.

Переира има 11-2 во ММА и е во победничка серија од 4 борби. Оваа година ја одбрани титулата против Џамхал ​​Хил и Јиржи Прохаска. Алекс има победено 9 пати со нокаут, а има 2 порази со завршница. Халил има скор од 13-5-1 во ММА и е во серија од 5 победнички борби. Во последната борба во декември 2023 година го победи ветеранот Ентони Смит.

Раунтри победи 9 пати со нокаут и загуби 3 пати со нокаут. Во мај годинава Халил беше казнет поради употреба на забранети супстанци. Вуд мисли дека можеме да видиме како Переира се обидува да ја однесе борбата на партер. Нема да биде изненаден ако се оди на одлука, но очекува нокаут.

„Искрено, мислам дека Алекс ќе се обиде да го собори Халил. Мојата интуиција ми кажува дека тој ќе биде првиот што ќе го прекине текот на борбата во стој и ќе се обиде да го уништи.

Причината е едноставна – ова го правел и порано. Сепак, не би бил премногу изненаден ако борбата оди до крај. Некој ќе биде нокаутиран. Тоа е факт“, изјави Вуд за Би Џеј Пен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khalil Rountree Jr. (@khalilrountree)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО