Тренерот на Головкин: Канело нема да оди на нокаут, очекуваме да бега

ИБО, ВБА и ВБЦ шампионот во средна категорија Генади Головкин (38-0-1, 34KO) сериозно се подготвува со својот тренер Абел Санчез во Калифорнија.

Головкин на 15 септември се враќа во Лас Вегас за дуелот против Канело Алварез (49-1-2, 34KO). Првата средба во септември минатата година заврши нерешено.

Од Калифорнискиот планини Санчез откри дека Головкин ретко се чувствувал толку среќен и уверен како што е во моментов и ги убедува сите, без разлика на ветувањата што ги дава Канело, не очекуваат дека тој овој пат ќе има храброст да оди на нокаут.

„Вистината е дека многу добро се движат работите. Малку ни останува до финалето. Беше исклучително пријатен камп и веќе знаеме што ни претстои“.

„Го гледам Головин се смее повеќе, посреќен е, се шегува со тимот – тој е убеден“.

Санчез појасни дека Головкин ќе се потпре на истиот план како и минатиот пат, затоа што верува дека и првиот пат доволно добро се претставил.

„Секој може да се подобри – прашање е дали ќе оставиме Канело да прави што сака или тој ќе ни даде шанса. Не очекуваме многу различни борба. Овој пат Канело ќе ја бара победата со поголем елан, бидејќи минатиот пат не успеа да ја обезбеди. А Головкин нема да прави ништо поразлично – едноставно, ќе излезе на рингот и ќе победи“.

„Не мислиме дека Канело ќе си стои на зборот и дека ќе бара нокаут. Тој само зборува. Всушност, ќе бега и сме подготвени на тоа. Ако сепак одлучи да се бори сериозно, подготвени сме и за тоа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО