Тренерот на Фјури: Усик може да биде опасен … Тајсон и претходно беше соборуван

Тајсон Фјури можеби не мисли многу на Александар Усик како закана, но неговиот тренер, Сугархил Стјуард, јасно гледа на натпреварот на сосема поинаков начин.

Стјуард, почитуван тренер од Детроит, во едно неодамнешно интервју посочи дека го гледа Усик од Украина повеќе од сериозна закана за Фјури, кој ја има титулата на ВБЦ.

Левичарот Усик забележа неодамнешна успешна одбрана на титулите во тешка категорија на ВБО, ВБА и ИБФ со победата над Ентони Џошуа во нивниот реванш во Џеда, Саудиска Арабија. Борбата меѓу Усик и Фјури, ако некогаш се одржи, ќе биде за сите појаси во тешка категорија. Неодамнешниот извештај на ЕСПН шпекулира дека мечот би можел да се одржи на Блискиот Исток следниот февруари.

Додека многу стручњаци го одредуваат Фјури како фаворит, повеќето набљудувачи во спортот предвидуваат тесна борба. Всушност, Стјуард верува дека веројатноста за победа на Усик не може да се негира. Стјуард истакна дека Фјури бил соборуван и претходно – вкупно четири пати против Дионтеј Вајлдер во нивната трилогија и еднаш од рацете на тешкашот Стив Канингем во 2013 година.

„Заканата што Усик може да му ја испорача на Тајсон е дека Усик знае како да победи“, изјави Стјуард за Секанд аут. „Ми се допаѓа да го гледам. Ми се допаѓаат работите што може да ги направи. Може да биде закана за секого. Може да биде закана и за Тајсон, бидејќи знае како да дојде до победа. Ова го прави интересен противник.

Сега е во тешка категорија. Тајсон е соборуван, а Усик претходно нокаутираше боксери. Сè уште е во тешка категорија каде што секој може да биде нокаутиран“.

Стјуард, исто така, укажа на уникатната работа со нозете на Усик како X фактор.

„Сите знаеме дека Усик има добра мобилност“, рече Стјуард. „Секогаш ќе биде закана за секого, без разлика колку сте голем или мал. Слушајте, овој човек погодува од толку многу различни агли, толку многу различни линии на напад, некои од нив ги измислува. Тој сам ги прави и ги создава. Тоа не е само нешто што се планира“.

Не е сосема познато дали Стјуард ќе работи со Фјури понатаму. Фјури неодамна објави дека го избрал Ајзак Лоу за нов тренер, но не беше јасно дали ова е само дел од уште една шега на Англичанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО