Чимаев: Никогаш не би одбил борба – јас сум најдобар

Ѕвездата на УФЦ во подем Хамзат Чимаев се подготвува за најголемата борба во кариерата. На 10 септември Чеченецот ќе се соочи со ветеранот Нејт Дијаз во главната борба на УФЦ 279.

Борбата генерира многу дискусии меѓу ММА заедницата, бидејќи тоа е последен меч од договорот на Дијаз со УФЦ, а тој самиот е далеку од својот врв. Но, тоа не ги спречи организаторите да го исфрлат против гладниот волк како Чимаев, кој е подготвен да се бори со секого.

„Никогаш не ги бирам противниците. Јас само сакам да се борам. Јас сум борец. Ако си вистински борец, треба само да се бориш. Ако мислиш дека си најдобар на светот, треба да се бориш со којбило“.

Тврдоглавиот Чимаев живее со едноставна филозофија. Ако работите напорно, ќе бидете наградени.

„Тоа е лесно да се разбере. Ако работите напорно, ќе добиете дел. Ако не работите напорно и само се дружите, никогаш нема да ја добиете титулата. Како и парите. Како што вели мојот тренер – тежок тренинг, лесни пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО