Тренерот на Чимаев сака следен противник на Борз да биде Колби Ковингтон

Хамзат Чимаев минатиот месец со едногласна одлука го победи Бразилецот Жилберт Барнс.

Тоа беше најтешкиот испит во кариерата на шведско-чеченскиот борец, а до триумфот стигна по три исцрпувачки рунди.

Непоразениот Чимаев добро се испоти, но претрпе и многу удари за да стигне до 11-тата победа во кариерата.

Имено, тој на претходните десет натпревари ги победи противниците со брејк во првата или втората рунда.

Борз веќе има намера да го освои местото на предизвикувачот оваа година, а бара борба против Колби Ковингтон. Истото го мисли и тренерот на Чимаев, Андреас Михаел.

„Би сакал да го гледам Хамзат на меч против Колби. Сакаме да се бори најдобро, а ако го победи Ковингтон тоа ќе биде чекор напред. Сега му претстои тешка работа, а, ако не може да се справи со тие момци, тогаш тоа е проблем. Но, убеден сум дека може да ги победи сите“, истакнува Андреас Мајкл, а евентуален судир со Колби може да се случи во втората половина од годината:

„Борбата со противник како Барнс многу го исцрпува човекот, ваквите натпревари бараат малку подолг период на опоравување. Нивниот можен судир би можел да биде договорен во септември или октомври. Но, сега е важно Хамзат дека треба да ме слуша“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО