Трејлер за филм го раскажува животот на Хозе Алдо

Hoze aldo vo gard poza2011 година беше најавено дека се подготвува филм за искушенијата и тешкотиите низ кои помина Хозе Алдо, за да го постигне сето она што е денес. Тогаш се очекуваше сценариото да биде подготвено во 2012 година.

Филмот, кој е под раководство на Афонсо Појарт, конечно ќе почне да се снима, откако се избрани актерите кои ќе учествуваат. Фотографирањето започнува следниот месец, а за дистрибуција е одговарна бразилската компанија Paris Filmes. Актерот Малвино Салвадор првично беше избран за улогата на Алдо, но подоцна дозна дека е заменет од 30-годишниот Рио, кој е популарен благодарение на учеството во различни бразилски „сапунски“ серии.

Бразилската убавица Клео Пирес пак ќе ја игра улогата на сопруга на Алдо, Вивиан – човек кој секогаш е до шампионот, уште од почетокот на неговата кариера во мешаните боречки вештини.

Снеди Адамиу, извршен директор на Paris Filmes, открива дека УФЦ е инвеститор во филмот, дозволувајќи им на продуцентите да ја користат марката во филмот:

„Започнуваме со снимањето на филмот од следниот месец. Очекуваме дека ќе бидеме подготвени до јануари или февруари следната година. Овој филм се прави со поддршка на УФЦ, како инвеститор, па можеме безбедно да го користиме брендот, за да ја раскажеме приказната за Алдо. Ова е приказна на аутсајдер, но ,исто така, е и приказна за една голема љубов. Значи, очекуваме голем интерес за филмот“.

https://youtu.be/18qG88SmslA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО