Трамп како Роки

Американскиот претседател Доналд Трамп на Инстаграм и на Твитер објави фотошопирана фотографија на која го додал сопственото лице на телото на Роки Балбоа.

Претседателот на најмоќната земја во светот и голем љубител на боречките спортови, покрај необичната фотографија на лик кој го толкува Силвестер Сталоне не оставил никаков коментар, а многумина се прашуваат дали можеби станува збор за хакирани профили.

Сепак, фотографијата е одговор на резултатите на медицинскиот преглед на кој е заклучено дека претседателот на САД по медицинските стандарди и официјално е полничок.

Изгледа дека Трамп и на оваа информација има оригинален одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО