Трамп: Хабиб побара да се запре руско-украинската војна! Ќе го направам тоа

На почетокот на месецот во Њуарк се одржа турнирот УФЦ 302, на кој во главната борба Ислам Махачев во петтата рунда го задуши Дастин Пориер и по трет пат го одбрани појасот во лесна категорија. Еден од почесните гости на турнирот беше американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. По настанот Трамп размени неколку редови муабет со Хабиб Нурмагомедов кој беше во аголот на Махачев.

Камерите снимија разговор меѓу Трамп и Хабиб за ситуацијата во Палестина. Поранешниот шампион на УФЦ побара од Трамп да го прекине конфликтот, а Доналд вети дека ќе го стори тоа. Како што може да се види од зборовите на Трамп, ова не е единствената геополитичка ситуација за која разговарале спортистот и поранешниот претседател.

За време на разговорот со Логан Пол на подкастот Имполсив Трамп рече дека разговарале за можноста за решавање на ситуацијата во Украина.

„Хабиб ми рече: „Се надевам дека ќе можеш да го запреш ова бидејќи треба да ставиме крај на војните“. Тој е толку паметен, што го разбира! Тој беше, и мислам дека сè уште е, многу добар пријател со претседателот Путин. Но, рече дека треба да го прекинеме конфликтот и тоа е вистина. А мислам дека ќе го прекинам тоа ако бидам избран за претседател. Веднаш по изборите, ако победам, ќе се погрижам овој конфликт брзо да заврши.

Ќе го прекинам уште пред да ја преземам функцијата. Зборувам за Русија и Украина. Толку многу луѓе умираат. И мислам дека е одлично што Хабиб дојде кај мене со тоа и рече: „Мораме да го прекинеме конфликтот“. Хабиб е многу паметен човек, многу интересен човек“, рече Трамп.

Трамп не ги спомна зборовите на Хабиб за Палестина, па можно е тој и Хабиб да не се разбрале за време на дијалогот во бучниот, преполн Пруденцијален центар. Хабиб јасно разговараше со политичар за ситуацијата во Газа, а Трамп веројатно мислеше дека зборува за односите меѓу Русија и Украина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Logan Paul (@loganpaul)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО